Втор петок граѓаните се организираа да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените производи.
„Во петок, 31 јануари 2025 година до полноќ, во ГПРС системот на УЈП беше регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во петок 07 февруари 2025 година остварен е за 36,95 отсто поголем промет во однос на претходниот петок 31 јануари 2025 година. При споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот односно деновите 31 јануари и петок 07 февруари 2025 година треба да се имаат предвид различните фактори кои можат да влијаат на потрошувачките навики. Еден од тие фактори е тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување“, посочуваат од Управата за јавни приходи.