петок, 18 октомври 2024

После повеќе од една година започна поставувањето на топловодот на мостот Беласица

ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција денеска започнаа со монтирање на новите цевки на топловодот под мостот Беласица кои беа уништени во пожарот што избувна во јуни 2023 година , информираат од ЕСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму посочуваат дека поставувањето на топловодот ќе се спроведува во наредните месеци со цел комплетно да биде подготвен за ставање во функција во текот на претстојната грејна сезона.

„Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на ЕСМ се соочија со предизвикот, да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикаа застој во поставување на цевководот, кој се јави како последица на исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните менаџерски тимови на двете компании“, изјави Петар Милетиќ, новиот директор на ЕСМ Дистрибуција, кој присуствуваше на почетокот на активностите на терен.

Од ЕСМ известуваат дека до целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод А, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО.

„Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури“, велат од ЕСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ