недела, 22 декември 2024

После интерпелацијата, Левица најави кривична пријава за Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши еклатантно го крши новиот Деловник, обвинува Левица и најави кривична пријава за Гаши за несовесно вршење на службата, односно пречекорување на дискрециони овластувања, информираше денеска пратеникот Димитар Апасиев во врска со надлежноста на Гаши да ја свика матичната собраниска комисија која треба да заседава за измените на Законот за бранители.

Објавено на

часот

Сподели

Ако внимателно и граматички го читате новиот Деловник, можноста за да не ја свика комисијата е само на претседателот на матичното комисија, но не и кај спикерот, вели Апасиев.

Според него, правната одговорност е кај претседателот на Собранието, Гаши, додека политичката кај владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Ваквата ситуација, додаде, создава правна пукнатина која во иднина уште повеќе ќе се злоупотребува.

„Политичката одговорност е кај ДПМНЕ, затоа што со ова се покажува зошто партија со двајца пратеници не треба да има спикер, за секое вакво чкрипење треба да одите на бакни рака кај спикерот и тука политичката одговорност е кај овие 58 пратеници. Точно се покажа нашата теза дека партијата со најголем број пратеници треба да го има спикерското столче, токму поради вакви ситуации и ние сметаме дека ова создава една правна пукнатина која што во иднина и тоа како ќе се злоупотребува, доколку помине несанкционирана“, рече Апасиев. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ