„Со оваа еколошка акција за садење нови дрвја за зголемување на шумскиот фонд во нашето Скопје заедно со скопските средношколци ја подигаме свесноста за потребата од чување и заштита на животната средина. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувување на здравјето, а истовремено ја потенцираме важноста од одговорниот однос кон животната средина без нејзино загадување и уништување. Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности на садење дрвја и садници на повеќе локации низ Скопје, како еден од проритетите од програмата за модерно Скопје“, информираат од Град Скопје.
Минатата недела Арсовска со учениците од скопските средни училишта Боро Петрушевски, 8 ми Септември, Михајло Пупин и Панче Арсовски засадија 100 чемпреси во парк шумата Гази Баба.