сабота, 1 февруари 2025

После една недела изгаснат е пожарот на прилепската депонија

Повеќе од една недела гореше прилепската градска депонија кај селото Алинци. Со денови гаснеа комуналците, пожарникарите, а на помош се и фирмите. Денеска пожарот конечно е ставен под контрола благодарение на поддршката од механизацијата и човечките ресурси на компанијата Бехтел и Енка, јавното претпријатие Комуналец и Територијалната противпожарна единица. Депонијата почна да гори на 26 јануари.  Од прилепски Комуналец велат дека намерно се пали депонијата.

Објавено на

часот

Сподели

Гореше стар отпад од индустриската зона. Голема е штетата, особено за загадувањето и за здравјето. Опасност е за здравјето при и онака загадениот воздух, вели Рубин Абрашоски, директор на прилепското јавно-комунално претпријатие Комуналец.

Тимовите на Бехтел и Енка кои работат за земјени работи на изградба на автопатот Прилеп – Битола, ги мобилизираа своите натоварачи, багери, дозери и оператори за работа и под надзор на јавното комунално претпријатие го доставуваа ископаниот почвен материјал од трасата како поддршка на тековните мерки за гаснење на пожарот. Како резултат на оваа коорднирана акција тимовите успеаја да го намалат жариштето и пожарот да се стави под контрола.

„Бехтел и Енка останува силно посветена на здравјето и безбедноста на заедниците, норми кои се вградени во вредностите на компанијата. Нашите цели за грижа на луѓето, заедниците и колективната свест на локациите каде што работиме го докажуваме токму преку вакви акции како оваа за поддршка на превенцијата и сузбивање на пожари“, велат од компанијата.

Прилепската градска депонија се простира на околу 50.000 метри квадратни. Единственото решение е изградбата на регионална депонија за 19 општини во Југозападниот регион со седиште во Општина Новаци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ