Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), посебниот режим на сообраќајот е поради најавената официјална посета на делегација предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Аљбин Курти.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, се вели во соопштението на МВР.