„Еден член на португалскиот брод се смета за мртов и малку е веројатно дека тој брод ќе се одржи на површината“, кажа во парламентот британскиот министер за транспорт Мајк Кејн. По инцидентот 33 луѓе се префрлени на брегот и нема исчезнати, објави крајбрежната стража.
Во понеделникот се случи судир на нафтениот танкер Стена имакјулет и товарниот брод Солонг во Северно Море, во близина на брегот на источен Јоркшир во Британија. Според достапните информации, Стена пловел под американско знаме и превезувал млазно гориво за американската војска, додека Солонг пловел под португалско знаме. Солонг удрил во Стена имакјулет. Се слушнале експлозии и избил голем пожар, а гориво истекло во морето.
New footage of the cargo ship ‘Solong’ that crashed into the oil tanker ‘Stenna Immaculate’ in the North Sea off the East Yorkshire coast. Jet fuel was on board the Stenna Immaculate, and the owners of the ‘Solong’ say that it was NOT carrying sodium cyanide.
(Credit: BBC) pic.twitter.com/W8KJlDalA4
— Ian Ridpath (@ianridpath) March 11, 2025
На снимките се гледа голема дупка на трупот на Стена и траги од пожарот кој е изгасен. „Солонг сè уште гори, а огнот на Стена е главно зауздан. Бродовите за гасење пожар се на лице место и стигнуваат и други“, соопшти крајбрежната стража. „Проценуваме дека е малку веројатно да се одржи на површината“, се наведува во соопштението.
Британската влада соопшти дека е спремна опремата за чистење на загадувањето, вклучувајќи бариери за нафтени дамки. Сè уште се проценува влијанието на околината и состојбата постојано се надгледува од воздух, додаде владата. Полицијата уапси неименуван 59-годишен маж поради сомнеж за тешка негрижа.