петок, 14 март 2025

Португалија се откажа од планот за купување американски Ф-35

Португалскиот министер за национална одбрана Нуно Мело најави дека неговата земја нема да набавува борбени авиони Ф-35 од САД, имајќи го предвид актуелниот геополитички контекст и непредвидливоста на американската политика, пишува португалскиот Подер Аеро.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мело нагласи дека иако Ф-16 на португалските воздухопловни сили се приближува кон крајот на работниот век, неопходно е да се проценат опциите кои обезбедуваат поголема предвидливост и оперативна безбедност. Тој напомена дека се разгледуваат европски производствени алтернативи, исто така со цел да се генерираат економски придобивки за Португалија.

Министерот нагласи дека неодамнешната позиција на САД во контекст на НАТО и меѓународното геостратешко сценарио бара длабоко размислување за најдобрите опции за национална одбрана. Предвидливоста на сојузниците е клучен фактор во одлуката за замена на борбени авиони.

Иако не ги прецизираше моделите, Мело сугерираше дека француските алтернативи, како што е Десо Рафал, би можеле да бидат меѓу опциите што ги разгледува португалската влада. Понатаму, министерот не ја исклучи можноста за испраќање на португалски воен персонал во Украина, под услов тие да бидат во мировни мисии и во сценарио за прекин на огнот.

Овие изјави ја одразуваат стратешката проценка на португалските сојузи и воените набавки, со цел да се обезбеди националниот суверенитет и ефикасноста на вооружените сили во постојано менливото меѓународно сценарио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ