Португалија подобро го отвори мечот и поведе со 5-1, по што Германија се созема и го возврати ударот (7-8). Големата борба продолжи и во продолжение од првото полувреме, а на паузата со предност од 13-9 заминаа Португалците.
Германија заигра многу подобро во вториот дел и направи пресврт (20-18), додека на голот одличен беше Волф, меѓутоа Португалците се изборија за продолженија каде што триумфираа со 31-30 со гол во последните секунди.
Неверојатен меѓу стативите на Германија беше Андреас Волф, кој запиша дури 21 интервенција, меѓутоа тие не беа доволни за триумф против расположената Португалија. Кошта беше најефикасен во редовите на Португалија со осум голови, додека Зербе запиша девет погодоци за Германија.
Во полуфиналето на првенството ќе се соочат Франција и Хрватска, односно Данска и Португалија.