среда, 23 октомври 2024

Порторико само ги налути Американците, убедлива победа на САД

Кошаркарите на САД со максимални три победи во групата одат во четвртфиналето на Олимписките игри, денеска ја совладаа селекцијата на Порторико со 104-83.

Објавено на

часот

Сподели

Американските кошаркари уште еднаш ја демонстрираа својата моќ, иако натпреварот почна проблематично за нив.

Порторико храбро се носеше во првиот период кој го доби со 29-25, но во втората четвртина драстично се променија работите, Американците тие десет минути ги добија со 39-16 и дојдоа до убедлива предност од 64-45 на полувремето.

САД го загуби и последниот период со 24-17, но веќе имаа толку голема предност што на крајот славеа со 104-83.

Едвардс беше главен на овој натпревар, постигна 26 поени, Ембид реализираше 15. Најефикасен кај Порторико беше Алварадо со 18.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ