сабота, 19 октомври 2024
Тектонските промени во државата се клучни за транспортот на оружје во Украина

Поранешниот премиер на Словачка победи на изборите

На вчерашните парламентарни избори во Словачка најмногу гласови освои партијата Смер ССД предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо со 23,31 отсто од гласовите, врз основа на 99,2 отсто од преброените гласови, објави Словачкиот институт за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Според неофицијалните резултати од изборите, партијата Прогресивна Словачка заврши на второто место со 16,98 отсто, иако прогнозите пред изборите предвидуваа нејзина победа, потоа Глас-СД со 14,98 отсто, пренесува ТАСР.

Излезноста на изборите била 68,06 отсто, според податоците на Словачкиот завод за статистика.

Би-би-си објави дека врз основа на речиси сите преброени гласови, јасно е дека „проруската партија предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо“ победила на парламентарните избори во Словачка.

Неговата партија Смер ССД, која во текот на кампањата вети дека веднаш ќе ја прекине воената поддршка за Украина, освои речиси 24 отсто од гласовите, и покрај излезните анкети кои укажуваа на победа на либерално-центристичката партија.

Фицо беше принуден да се повлече од премиерската функција по убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак во 2018 година, по овие избори, судејќи според резултатите, ќе мора да започне со коалициски преговори за формирање на идната влада, јавува Би-би-си.

Проевропската партија Хлас, која може да одлучи кој ќе ја формира следната влада, го зазеде третото место со освоени 15 отсто од гласовите, лидерот на таа партија и поранешен колега на Фицо левичарот Петер Пелегрини најави дека се отворени сите можности за создавање на идна владејачка коалиција.

„Ако Смер влезе во владата, нема да испратиме ниту еден куршум во Украина“, им порача неодамна Фицо на своите приврзаници и оцени дека војната всушност започнала во 2014 година, кога, како што навел, „украинските нацисти и фашисти почнале да го убиваат руското население во Донбас“.

Оваа закана на Фицо предизвика загриженост кај членките на Европската унија и НАТО, но на социјалните мрежи доби поддршка кај Словаците кои традиционално имаат „позитивни чувства“ кон Москва, оценува Би-би-си.

Партијата Прогресивна Словачка, која е на второ место по бројот на освоени гласови, е либерална, прозападна партија која ветува дека ќе продолжи воено да ја поддржува Украина.

Таа нуди визија за „отворено, толерантно, космополитско општество“ и се залага за либерална линија во рамките на Европската унија за прашања како што се зелената политика и правата на ЛГБТК.

Партијата Смер ССД на Фицо ја отфрла таа визија како „либерален фашизам“ и наместо тоа се залага за стабилност, ред и социјална сигурност, наведува Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ