„Пријавениот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во склучените договори, а ниту пак фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори. На тој начин, пријавениот Д.Б. овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 22.525 евра на штета на Фондот“, соопштија од МВР.
Поранешниот директор на тетовскиот ПИОМ ќе одговара зашто исплаќал плати на вработени што не доаѓале на работа
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба затоа што додека бил директор на Фондот за пензиско осигуривање (ПИОМ), во име на фондот склучил повеќе договори за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест луѓе спротивно од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од склучените договори.
Објавено на
часот