петок, 18 октомври 2024

Поранешни американски функционери тајно се сретнувале со руски дипломати, без одобрение на Белата куќа

Објавено на

часот

Сподели

Ен-би-си јави дека поранешни американски функционери се сретнале со Лавров во Њујорк, заедно со поранешен американски дипломат и претседателот на советот за надворешни односи во заминување Ричард Хас и двајца поранешни помошници од Белата куќа.

Не е јасно колку често групата, во која имало и поранешни функционери на Пентагон, одржувала разговори со видни Руси за кои се претпоставува дека се блиски до Кремљ, јави Ен-би-си. Најмалку еден член од нератификуваната група патувал во Русија. „Бајденовата администрација не ги одобрила тие разговори“, кажа портпарол на Стејт департментот за Ројтерс. „А како што веќе кажавме, за Украина нема да разговараме без Украина“.

Портпаролот притоа мислел на политиката на американската влада да не разговара за можноста за преговори за завршување на војната без украински функционери. Додаде дека владата ќе продолжи да му доставува оружје на Киев за украинските функционери „да можат да преговараат од силна позиција кога ќе оценат дека дошол вистинскиот момент“.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби во интервју за Си-би-ес кажа дека Белата куќа не знае за неофицијалните разговори.

„Но сакам јасно да кажам дека ние тие разговори не ги охрабруваме ниту ги поттикнуваме и дека во нив на никој начин не учествуваме. Како што кажа претседателот, за Украина нема да разговараме без Украина“, кажа тој.

Ен-би-си, повикувајќи се на шест извори, извести дека целта на разговорите е да се постават темели за можни преговори за завршување на војната која почна во февруари 2022. Наведуваат дека два извори кажале дека администрацијата знае дека разговорите се одржуваат, но не по нејзини упатства, и дека оние кои се сретнале со Лавров за тоа ја известиле Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ