Медиумите од Романија пишуваат за најголемата измина во модерниот фудбал, во фокусот е Едгар Ие, поранешен фудбалер на Барселона.
Дефанзивецот во февруари потпиша за Динамо, но сега пости сомнеж дека тој ниту еднаш не го облекoл дресот на клубот од Букурешт, и всушност играл неговиот брат близнак Еделино.
Спорно е тоа што Едгар Ие не зборувал англиски и комуницирал само на португалски и покрај тоа што има играно во Шпанија, Франција, Турција и Холандија.
Од таборот на Динамо Букурешт неодамна се обиделе да ги расчистат дилемите и побарале од Едгар Ие да им ја покаже возачката дозвола, но тој одбил да го стори тоа. Се говори за можноста да биде побарана ДНК анализа и на тој начин да се разјасне ситуацијата.