недела, 22 декември 2024

Поранешен британски амбасадор во САД е уверен во победа на Трамп: Камала Харис ја повторува грешката на Хилари

Доналд Трамп веројатно ќе победи на американските претседателски избори на 5 ноември, изјави поранешниот британски амбасадор во Вашингтон Ким Дароч. И покрај тоа што, според одредени анкети, Камала Харис води пред Трамп во анкетите, Дароч смета дека таа не се посветила на двата најважни проблеми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ким Дароч поднесе оставка на местото британски амбасадор во САД, откако во јавноста „протече“ негов извештај за британската влада, во кој Трамп го нарекува несигурен и неспособен.

Британскиот лорд смета дека Мичиген, Пенсилванија и Висконсин, кои во 2020 ги доби Џо Бајден, ќе бидат клучни за победа на изборите за претседател на САД, а сега тие држави, смета тој, ќе му се вратат на Трамп ако Харис на луѓето не им понуди „јасна, конкретна и таргетирана политика на враќање на работните места и не внесе надеж во нивните уништени квартови“.

Втората грешка е што Харис се крие од медиумите, повторувајќи ја грешката на Хилари Клинтон, смета Дароч.

„Во сега веќе далечната 2016 година, Трамп беше секогаш и секаде присутен. Го прифаќаше секој повик. Дури и неповикан се јавуваше во утринските вести за да ги изнесе своите ставови за дневните прашања. Наспроти тоа, Хилари Клинтон ги исклучи медиумите и изгуби“, кажа тој.

Бидејќи верува дека Трамп ќе се врати во Белата куќа, Дароч смета дека британскиот премиер Кир Стармер, кој во четвртокот се сретна со американскиот претседател Џо Бајден, треба да договори средба и со Трамп, за пред изборите да изгради врски со двете страни.

Дароч, кој и понатаму е почитуван во дипломатските кругови од двете страни на Атлантикот, вели дека Трамп сега е „помалку моќен и способен“ отколку во 2016, но додава дека „сè уште е способен да се поврзе со запоставените и работничката класа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ