петок, 18 октомври 2024

Пораки за обединување, ама без присуство на министрите Албанци

Вчера по повод Денот на народното востание на македонскиот народ во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје се одржа свечена академија, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. На академијата не беше забележан ниту еден висок претставник на партиите на Албанците, и од власта и од опозицијата. А токму покровителот на академијата, претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во својот говор повика на обединување. Такви пораки вчера испратија и премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши.

Објавено на

часот

Сподели

„Само заедно сложни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци можеме да градиме единство, иднина и просперитет“, порача премиерот Мицкоски.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во својот говор на академијата потсети дека „нашите претци се сплотија за заедно да го постигнат она што не можат да го постигнат засебно – слободна македонска држава, втемелена врз праведни идеали. И ние треба да ги оставиме меѓусебните делби и да се сплотиме околу нашата борба, која веќе не е борба за политички слободи, туку за просперитет на државата и нејзините македонски граѓани. Така ќе изградиме иднина за младите во праведно и прогресивно македонско општество“.

Во честитката по повод 11 Октомври претседателот на Собранието Африм Гаши повика на обединување на сите граѓани во битката за подобро утре на сите. Во денешната борба може да успееме само ако сме сплотени, здружени и единствени, порача Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ