понеделник, 3 февруари 2025

Пораката од блокадите на мостовите во Нови Сад: Нема сопирање додека не се исполнат студентските барања

Студентите и граѓаните во Србија ја завршија својата еднодневна блокада на Мостот на слободата во Нови Сад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Блокадата требаше да трае 24 часа, до 15:00 часот, а потоа, на првиот граѓански пленум во Нови Сад, денес едногласно беше изгласано да се продолжи на уште три часа, до 18:00 часот.

Пред повеќе десетици илјади луѓе, еден од претставниците на студентите кажа дека тие сите свои одлуки ги носат демократски на студентските пленуми.

Тој потоа ги повика граѓаните да се изјаснат дали се за продолжување на блокадата на мостот, со тоа што ќе кренат рака високо во воздух, што тие го направија.

На неговото прашање дали има некој против, ниедна рака не беше крената во воздух, пренесува агенцијата Бета.

Граѓаните потоа извикуваа „Студенти, студенти!“ и правеа голема бучава со свирчиња и труби.

Како што беше објаснето, дополнителните три часа блокада требаше да бидат искористени за просторот околу Мостот на слободата, како и блискиот Лимански парк да се исчистат од преостанатото ѓубре.

„Додека не се усвојат студентските барања нема сопирање“, кажа редар кој им се обрати на собраните студенти и граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ