четврток, 24 октомври 2024

Порака на Миовски ги збуни навивачите на Абердин! (ФОТО)

Последниот твит на македонскиот фудбалер, Бојан Миовски фрли сомнеж кај дел од фановите на Абердин за иднината на нивниот напаѓач.
 

Објавено на

часот

Сподели

Веќе извесно време Миовски се поврзува со трансфер во Селтик и тоа уште во јануарскиот преоден рок.

„Оди самоуверено во насока на твоите соништа“, објави Миовски на твитер.

Според коментарите под твитот, дел од фановите на Абердин се исплашија ова да не значи отворање на ново поглавје во кариерата на Миовски, односно трансфер во нов клуб.

Други веруваат дека ова е само обична порака од Македонецот која доаѓа брзо по мечот во кој со два гола му донесе победа на Абердин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ