петок, 18 октомври 2024

Поради мал број ученици некои училишта ќе треба да бидат затворени, најавуваат од МОН

Проектот за оптимизација на училишната мрежа во земјава е во тек. Има одредени региони училишта кои секако не треба и не можат да бидат затворени, но има и такви кои се на два километри едно од друго, од кое едното е централно училиште со стотина деца, а во подрачното има две до три деца и тоа не е фер, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, на прашањето дали ќе следи затворање на одреден број училишта во земјава.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Проблемот со малиот број на деца во училиштата првенствено е проблем на децата. Јас би сакала тоа граѓаните убаво да го разберат. Тие деца, кои се по пет, шест во одредено село и тие деца се де факто изолирани од нивните врсници. Се наоѓаат во едно училиште, кое може да е реновирано, но главно се постари, сведени се сами на себе и на своите родители, наставници кои доаѓаат да ја реализираат наставата и одвреме-навреме се менуваат, но тие немаат информации за надворешниот свет и немаат можност да се социјализираат, да видат смарт табла, да видат ново модерно училиште, да се натпреваруваат со децата од сопствената генерација и дополнително да бидеме чесни и фер, тие училишта се товар на државата, се плаќаат режиски трошоци“, рече Јаневска, напоменувајќи дека станува збор претежно за училишта во руралните средини.

Се разбира, додаде Јаневска, превозот на учениците ќе им биде платен, децата ќе добијат оброк, со што планираме да го подобриме и социјалниот живот на учениците, да им дадеме повеќе ангажман на наставниците и сето тоа во корист на децата и стекнување на нивно знаење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ