Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на Туркиш ерлајнс беше откажан, но потоа беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15.20 часот, време на полетување во 16:05 часот од скопскиот аеродром).
Двата лета на авиокомпанијата Виз ер (Дортмунд и Малпенса) биле пренасочени кон аеродромот во Приштина.
Летот од Љубљана на Виз ер пак, бил пренасочен кон Софија.
„Сите други редовни летови се со одредено пократко или подолго доцнење“, информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје.