Во Романија на бојкот повика екстремната десница која е во пораст.
„Таквото кревање на цените е неприфатливо“, кажа минатата недела преку видео на Фејсбук претседателскиот кандидат Калин Ѓоргеску. Тој сосема неочекувано изби на првото место на претседателските избори во ноември, кои потоа беа поништени поради недокажани тврдења за руско мешање во изборите.
И во соседна Бугарија, каде инфлацијата скокна на 15 отсто во 2022 година, за четврток е предвиден бојкот на повик на разни организации.
„Да им покажеме на 3 февруари на трговците дека постои гневно цивилно општество“, им кажа на новинарите поранешниот пратеник и поранешен бугарски амбасадор во Хрватска, и побара ограничување на цените на основните прехранбени производи.
Ѓоргеску ги повика Романците да ги бојкотираат големите продавници и да се свртат на локалните продавници и дуќани во соседството кои продаваат романски производи.
Инфлацијата која според економистите е поврзана со големиот долг и бавните реформи во корумпираната земја порасна на 5,5 отсто во 2024 година по достигнувањето на врвот од 14 отсто во 2022 година. Таа ситуација поттикна на гласање за партиите од екстремната десница на неодамнешните парламентарни избори.
Заедно трите националистички партии на парламентарните избори на почетокот на декември собраа третина од гласовите, што беше три пати повеќе отколку што во 2020 година имаше единствената од тие партии тогаш во трката наречена АУР.
Лидерот на таа партија Георг Симион се придружи на апелот за бојкот.
„Им се придружувам на 10 февруари на Романците кои велат „доста“ на злоупотребата од големите ланци“, кажа тој и ги осуди „огромните профити“ кои ги остваруваат странските компании.
Романската влада ја осуди „политичката акција“ која според неа на крајот ризикува да им нанесе штета на локалните произведувачи чии производи се многу присутни во супермаркетите.
Но, земјоделскиот синдикат Про агро се надева дека протестното движење ќе ги освести потрошувачите и ќе ги натера властите да дејствуваат против доминацијата на мултинационалните компании кои ги диктираат цените.
На социјалните мрежи корисници повикаа да се спречи повикот на „изолациските партии“ од екстремната десница и граѓаните се повикани да купуваат со европско знаме во рака.