„По целодневна, непрекината работа на вработените во ПE Термоелектрани на РEK Битола, отстранети се последиците од испадот на блокот, предизвикани од силното невреме што вчера ја зафати Пелагонија и постројката е ставена во функција“, стои во соопштението.
Од компанијата додаваат дека согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола ќе продолжи со работа со еден блок и во претстојниот период.
„Изнесените наводи во соопштенија на различни партиски тела, пренесени во дел од медиумите, кои се однесуваат на причините за испадот на блоковите и за состојбите во РЕК Битола деновиве, не заслужуваат коментар бидејќи не само што се апсолутно неточни, туку се и под секое ниво на комуникација во јавниот простор“, велат од ЕСМ.
Претходно, како што за медиумите беше соопштено, од вчера поради дефект на Блок 2 РЕК Битола не произведуваше струја но се работешена отстранување на причината за испад на блокот.