Екстремните временски услови предизвикани од тропски циклон нанесоа годишно количество дожд во некои австралиски области. Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат потонати авиони на аеродромот Кернс, крокодили среде градот и луѓе кои бегаат од своите домови со чамци.
Засега нема извештаи за загинати или исчезнати лица. Интензивни врнежи се очекуваат во следните 24 часа.
Peak Aussie content here ? A big crocodile has been spotted in a swollen drain in the centre of Ingham, a North Queensland town currently cut off by floodwaters. Filmed by @abcnews reporter @ChloeChomicki, who is isolated like everyone else in town. pic.twitter.com/LSg5ODkpIF
— Siobhan Heanue (@siobhanheanue) December 17, 2023
Стотици луѓе се спасени – многу куќи се поплавени, нема струја, патиштата се отсечени, а водата за пиење е при крај. Од почетокот на невремето во градот Кернс наврна повеќе од 2 метри дожд.
„Ова е најлошата природна катастрофа што ја памтам. Разговарав со локалното население во Кернс кога бев на терен и тие велат дека никогаш не виделе нешто слично“, изјави премиерот на Квинсленд, Стивен Мајлс за Австралиската радиодифузна корпорација.
Cairns Airport Inundated
A Perth-Cairns Jetstar flight filled with Christmas travellers was stranded in Townsville this morning due to severe rain over Cairns Airport, and was eventually one of the last to be allowed in. See the planes under water.#CycloneJasper pic.twitter.com/AYYuDSebLB
— ?? Leera ?☀️? ? (@OutbackAussie5) December 17, 2023
Мајлс вели дека приоритет во моментов е да се спасат граѓаните заробени во поплавата, како оние во оддалечениот град Вујал Вујал, кој се наоѓа на 175 километри северно од Кернс.
Девет лица, меѓу кои и едно болно дете, ја поминале ноќта на покрив на болница, откако екипите на итната помош не можеле да дојдат до нив. Денеска се преместени на друго место. Мајлс истакнува дека сега ќе треба да се евакуира целиот град.
„Загрижени сме за водата за пиење, канализацијата, струјата и телекомуникациите, патиштата… Многу патишта се блокирани и не можеме да добиеме поддршка од воздух“, вели градоначалникот Мајлс.
My beautiful Cairns is drowning ??#CairnsFlood #fnq #CycloneJasper pic.twitter.com/6y3o3THwDj
— Rana Dadpour (@RanaDadpour) December 18, 2023
Синоптичарите соопштија дека обилните врнежи од дожд ќе продолжат поголемиот дел од понеделник и ќе се совпаднат со високата плима, што претставува опасност за заедниците во низините, јавува Би-би-си.
Иако се очекува утре да престане да врне, реките допрва треба да го достигнат врвот и со денови ќе бидат надојдени. Се очекува неколку реки да ги соборат рекордите поставени за време на големите поплави во 1977 година. Реката Дејнтри веќе го надмина претходниот рекорд за 2 метри, откако за 24 часа паднаа 820 мм дожд.
Владините претставници проценуваат дека штетите од катастрофата ќе надминат 1 милијарда австралиски долари или 670.000 американски долари.
Источна Австралија е зафатена од чести поплави во последните години, а тука е и Ел Нино, кој обично се поврзува со екстремни настани како што се циклони и шумски пожари.
Австралија беше погодена од серија катастрофи во последниве години – силна суша и историски пожари, последователни години рекордни поплави и шест масовни настани на белење на Големиот корален гребен.
Последниот извештај од Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени (ИПЦЦ) предупредува дека иднината на Австралија ќе биде преплавена со сѐ полоши катастрофи доколку не се преземат итни мерки за запирање на климатските промени.