четврток, 19 септември 2024

Поплави и невреме во Европа: Неколку илјади евакуирани, најмалку 20 загинати (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица загинаа, а илјадници луѓе се евакуирани поради поплавите предизвикани од обилни дождови и невреме во земјите од централна и источна Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Делови од источна и централна Европа се борат со бурата Борис.

Досега, десетици илјади луѓе се евакуирани од своите домови низ Австрија, Чешка, Унгарија, Романија и Словачка, додека бројот на загинати се искачи на 20 – седум во Романија, по пет во Полска и Австрија и три во Чешка.

Во понеделникот полската влада прогласи состојба на природна катастрофа во регионите во јужниот и југозападниот дел на земјата поради фактот што поплавите уништија бројни куќи и инфраструктура. Градови и села беа поплавени.

Поради излевање на реката Ниса Клодска на југот на Полска, евакуирани се граѓаните на градот Левин Бжески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ