„Поради присуство на влажна и нестабилна воздушна маса за време на викендот и на почетокот на следната работна недела во попладневните часови претежно во јужните делови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град“, велат од УХМР.
Во Скопје и регионот, денеска и во деновите на викендот во попладневните часови ќе има појава на повремено пороен дожд проследен со грмежи и услови во делови од котлината за појава на краткотрајно невреме.
УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.