сабота, 27 јули 2024

Понудени 10 милиони долари за изум од „Ѕвездени патеки“

Објавено на

часот

Сподели

Квалком трајкодер икс прајз е предизвик за истражувачите да направат алатка способна да ги измери „клучните здравствени податоци и да дијагностицира група од 15 болести“.

Треба да биде доволно лесен за идните доктор Мекоевци да можат да го носат со себе – максималната тежина мора да му биде до 2,2 килограми. Наградата беше промовирана на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас.

Според официјалниот технички прирачник на „Ѕвездените патеки“, трикордерот е мобилен „уред што собира, пресметува и споделува информации“.

Уредот ја улови фантазијата на милионите гледачи кога првпат беше употребен во култната серија во 1966 година. Во серијата, чие дејство беше сместено во 23 век, докторот на екипажот со помош на трикордерот можеше да дијагностицира болест само со скенирање на телото.

Организаторите на наградата се надеваат дека големата сума пари ќе ги инспирира денешните инженери да ја „провалат“ тајната на научнофантастичниот уред и да ја направат „фантастиката од 23 век медицинска реалност на 21 век“.

„Јас сум најверојатно првиот човек во Вегас што би бил среќен кога би изгубил 10 милиони долари“, изјави претседателот на фондацијата Икс прајз Питер Дијамандис за Би-би-си. „Трикордерот што го користеа Спок и Боунс инспирираше визија за тоа каква би можела да биде иднината на медицината“.

Иако трикордерот (барем сега засега) е дел од научната фантастика, некои други предизвици на Икс Прајз станаа дел од науката. Во 2004 година наградата Ансари Икс Прајз за повеќекратно вселенско возило му беше доделена на тимот што го направи Спејс Шип Уан (SpaceShipOne). Голем дел од техниката што тие ја развија сега ја употребува Вирџин Атлантик.

Професор Џереми Николс, шеф на одделот за хирургија на Империјалниот колеџ во Лондон, за Би-би-си изјави дека веќе постојат уреди што може да детектираат хемиски знаци на болести како помош при дијагнозата.

Сепак, тој предупредува дека „врзувањето“ на таа технологија во еден уред сличен на трикодерот би бил застрашувачки потфат.

„Најверојатниот тип на технологија би бил уред што детектира метаболити“, изјавува професорот Николсон. „Тој што го користиме во лабораториите е огромен – голем колку автомобил. Предизвикот е сето тоа да се напика во еден мал уред.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ