сабота, 28 декември 2024

Полугола Украинка се обидела да украде статуа на Исус во Ватикан (ВИДЕО)

Утрово Украинка, активистка од движењето „Фемен“, се обиде да се приближи до сцената на Христовото раѓање поставено на Плоштадот Свети Петар во Ватикан, со намера на своето тело да истакне две пораки: „Каде е моето дете?“ на градите и „Путин е воен злосторник“ на грбот и да ја извади статуата на Исус од јаслите.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Меѓутоа, како што пишува Месаџеро, таа била спречена од ватиканските полицајци, кои ја надгледувале областа.

Според полициски извори што ги објави Анса, жената, 25-годишна украинска државјанка, била уапсена под обвинение дека дала отпор и повредила службено лице. Таа била пријавена и за недолично однесување на јавно место. За време на апсењето таа извикала на англиски: „Ова е моето дете!“ и „Путин е воен злосторник!“

Како што може да се види на видеото, жената се обидела да ја извади статуата на Исус од јаслите, но полицајците ја спречиле во тоа.

Движењето Фемен појасни дека тој чин бил протест против руското киднапирање на повеќе од 700.000 украински деца. Организацијата го обвини Папата и меѓународните институции за премал ангажман во решавањето на проблемот и додаде дека кога била уапсена активистката, бил уапсен и фотографот кој бил на местото на настанот.

„И покрај апсењето на активистката и фотографот, меѓународната заедница нема да го игнорира овој протест. ФЕМЕН ја продолжува својата борба и го повикува светот да преземе активна акција против злосторствата на Путинова Русија“, изјавија тие.

Ова не е прв пат движењето ФЕМЕН да ја користи оваа тактика за да ја подигне свеста за одредени прашања. Така, во 2014 година, активистка на движењето украде статуа на Исус од јаслите, поради што беше уапсена и приведена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ