Анджеј Дуда ова го кажа по состанокот со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина Кит Келог. Европските држави стравуваат од крај на американскиот безбедносен ангажман на континентот по враќањето на Трамп во Белата куќа.
Таа загриженост минатата недела ја засили неговиот министер за одбрана Пит Хегсет кој во Полска порача дека НАТО сојузниците не смеат да претпоставуваат дека американските трупи засекогаш ќе бидат присутни во Европа.
Дуда, по средбите со Хегсет во петокот и со Келог во понеделникот ги смирува Полјаците за плановите на Вашингтон.
Полскиот претседател кажа дека „не постои апсолутно никаква американска намера за намалување на активностите во нашиот дел од Европа, особено во поглед на безбедноста и намалувањето на бројот на американските војници“.
Дуда додаде дека се надева дека претходните планови за поставување постојана американска воена база во полска позната како „Форт Трамп“, сè уште би можеле да бидат остварени.
„Тука дури разговаравме за тоа дека се надевам дека Форт Трамп, базата за која зборувавме за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, навистина ќе стане стварност и дека американското воено присуство во нашата земја ќе биде силно вкоренето“, кажа Дуда.
Во моментов во Полска се распоредени околу 10.000 американски војници во рамки на континуирана ротација.