Руската инвазија на Украина во 2022 година ја направи одбраната главен приоритет за членките на источното крило на НАТО, при што Полска одвои околу 4 отсто од БДП оваа година за зајакнување на своите вооружени сили.
„Сакам да предложам земјите од НАТО заеднички да одлучат дека услов на алијансата ќе биде издвојување не 2, туку 3 проценти од БДП за одбраната и тоа да биде граница под која апсолутно не се препорачува да се оди“, рече Дуда на состанокот на полскиот совет за национална безбедност.
Тој рече дека одговорот на НАТО кон Русија по избувнувањето на војната во Украина мора да биде „јасен и храбар“.
Дуда и полскиот премиер Доналд Туск утре ќе ја посетат Белата куќа во Вашингтон по повод 25-годишнината од приемот на Полска во НАТО.
Пред речиси две децении, НАТО постави цел за издвојувања за потребите на одбраната од два отсто од БДП, но тоа не е обврска, туку упатство.