недела, 22 декември 2024

Полскиот премиер ја осуди Германија за враќањето на контролите на границите

Полскиот премиер Доналд Туск ја критикуваше денес одлуката на Германија да ја врати контролата на копнените граници со своите соседи што го оцени како укинување на голем дел на шенгенскиот простор поради германските внатрешни проблеми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Туск најави итни консултации со соседите на Германија за со помош на Европската Унија да се спречи спроведувањето на таа одлука.

Контролите на сите граници на Германија треба да почнат во понеделник, 16 септември.

„Не можеме да се согласиме со постапување од крај на крај: еднаш ги затвораме границите за сите, па потоа одеднаш ги отвораме за сите. Ова е фактичко укинување на шенгенскиот простор во големи размери. Таквите чекори за Полска се неприфатливи. Воопшто не се сомневам дека поводот за таа одлука е внатрешнополитичката ситуација во Германија, а не нашата политика кон нелегалната миграција“, кажа Туск.

„На Полска не ѝ потребно јакнење на контролите на нашите граници, туку засилено учество на земјите како Германија во заштитата на надворешните граници на ЕУ. Нам ни е потребно разбирање, повеќе средства и признание дека нашата политика на источните граници мора да биде и европска политика“, кажа полскиот премиер.

Туск порача дека неговата влада е гарант дека борбата против нелегалната миграција никогаш нема да се претвори во ксенофобна политика, дека нема да падне во замката на популизмот и авторитарните тенденции, а кажа и дека не верува во митот дека демократијата и човековите права се неспоиви со острата одбрана на државните граници.

Владата на Германија наложи денес контрола на сите копнени граници, со што ја прошири мерката која веќе ја имаше на некои граници, а како причина ги наведе нелегалните миграции и заштитата од екстремистички закани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ