недела, 22 декември 2024

Полски генерал: Ни треба нуклеарно оружје

Полска, членка на НАТО, во иднина сака да поседува нуклеарно оружје поради безбедноста и како мерка за одвраќање, кажа високорангиран полски генерал. По почетокот на војната во Украина пред речиси две години, Варшава му е клучен сојузник на Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полскиот генерал Јарослав Крашевски кажа за полскиот медиум РМФ ФМ дека Варшава, кога би имала нуклеарно оружје, би одвратила можна агресија бидејќи „оние кои поседуваат нуклеарни капацитети имаат многу високо ниво на безбедност“.

Крашевски кажа дека полските оружени сили се значително модернизирани откако земјата се придружи на НАТО во 1999 година и дека Варшава секогаш ги поддржувала акциите на воениот пакт во дејствата против заканите на границите на НАТО.

Новинарите го прашале полскиот генерал за коментарот објавен во британскиот весник Спектејтор насловен „Време е на Полска да ѝ дадеме нуклеарно оружје“, од Далибор Рохач, виш соработник на Американ ентерпрајз институтот во Вашингтон.

Рохач пишува дека евентуална победа на Доналд Трамп на американските претседателски избори би ја загрозила способноста на НАТО за одвраќање имајќи ја предвид реториката на поранешниот американски претседател, кој е критичен кон Северноатлантската алијанса.

„Ако сакаме безбедна Источна Европа во светло на можното враќање на Трамп во Белата куќа, нема многу мерки кои се толку ефикасни како нуклеарно вооружување на Полска, најголемата земја во регионот“, пишува Рохач.

Полскиот генерал таквото сценарио го опишува како „многу реално“ во интервјуто. „Тие кои поседуваат нуклеарни капацитети имаат многу високо ниво на безбедност“, кажа тој.

„Обично таквите земји не се напаѓаат, ниту се размислува можноста за какво било дејствување насочено кон предизвикување локална криза. Затоа јас таквиот арсенал го гледам како предизвик во следните години. Се надевам дека ќе дојде до тоа“, кажа Крашевски.

На прашањето за временската рамка, тој кажа дека по војната во Украина ќе продолжат преговорите за распоредувањето на нуклеарните сили во светот. „На Западна Европа ѝ е доста од руското заплашување“, оцени тој.

Во септември 2022 година полскиот претседател Анджеј Дуда кажа дека Варшава побарала од Вашингтон нуклеарно оружје да биде стационирано во Полска поради Русија, која такво оружје распореди во соседна Белорусија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ