Три години по почетокот на конфликтот во Украина концептот на аеродроми за двојна употреба, кои имаат и цивилни и воени функции, добива на значење во Полска. Минатата година Мачеј Ласек, заменик министерот за инфраструктура го потврди преговорите кои се во тек со министерството за одбрана за ваквото прилагодување.
Ласек истакна дека има 15 полски цивилни аеродроми, односно двојно повеќе од бројот на полските воени аеродроми. Косињак Камиш истакна дека мора да се прилагодат повеќе полски аеродроми за двојна употреба, наведувајќи ги како примери аеродромите во Краков и Варшава, кои имаат и цивилна и воена функција.
Ажурирањата вклучуваат проширувања на аеродромот во Жешув, подготвителна работа во Краков и нови товарни центри со железнички поврзувања во катовице и Вроцлав. Аеродромот во Счечин исто така се развива за двојна употреба.
Полска, клучната држава на источното крило на НАТО, ги јакне своите воени капацитети од почнувањето на конфликтот во Украина пред три години. Премиерот Доналд Туск повика на поголемо трошење за војската во рамки на НАТО, сугерирајќи дека европските земји би требало да го усогласат своето трошење со тоа на Полска за да ги зајакнат воените односи на САД и Европа.
Иако во моментов договорениот износ за воено трошење во НАТО е 2 отсто од БДП, во тек се преговори за зголемување на тој износ на 3 отсто, а Полска троши повеќе од 5 отсто од БДП.