Сообраќакната полиција за брзо возење вчера казни 234 возачи, од нив 11 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 136 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место, информираат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Полицискиот радар фати 234 возачи, повеќето возеле брзо низ населени места
За време на вчерашните радарски контроли на улиците и патиштата низ Македонија, сообраќајната полиција казни 234 возачи за брзо воззење. Повеќе од половината од санкционираните возачи возеле брзо низ населени места.
Објавено на
часот