сабота, 26 октомври 2024

Полицијата казни 326 возачи за брзо возење

Објавено на

часот

Сподели

„11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 154 надвор од населено место“, соопштија денеска од МВР.

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 292 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 100 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 санкции за користење на мобилен телефон при возење, седум мерки за некористење на сигурносен појас….

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ