Како што информираат од МВР, 41 годишниот скопјанец кој избегал од затвор, бил осуден на 13 години и пет месеци затворска казна, а бил баран по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство и за доиздржување на четири години и 10 месеци од казната. По апсењето тој веднаш е вратен во затвор за доиздржување на казната.
Скопјанецот пак, што бил баран со централна потерница, се барал врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од една година. Исто како и избеганиот и овој 27 скопјанец ќе биде спроведен во надлежниот затвор за издржување на казната.