петок, 18 октомври 2024

Полициска акција во Охрид и Тетово, се вршат претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја потврди информацијата за полициската акција што од утрово се спроведува во Охрид, но и во Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

„Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени лица. Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот“, информираа од ОЈО ГОКК.

Според засега непотврдени информации, најверојатно станува збор за потрага на дрога или акција за контрола на вработени со оглед на тоа што станува збор за стриптиз-бар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ