Од МВР денеска соопштија дека околу полноќ на подрачјето на Драчево полициски службеници го забележале Д.Д. во патничко возило алфа ромео во кое имало уште две лица.
„Тој на даден знак не застанал туку продолжил и кога стигнал во населбата Горно Лисиче, удрил со возилото во бандера. Во возилото биле затекнати и приведени А.А. и уште една 17 годишна малолетничка, која е предадена на родителите. Д.Д. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, а ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци“, се појаснува во соопштението од МВР.