среда, 12 март 2025

Полицијата уапси Германец во возилото носел дрога, солзавци, воки-токи, ножеви…

Вчера во осум часот наутро на граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 49 годишниот Т.В. од Сојузна Република Германија.

Објавено на

часот

Сподели

„При контрола во возилото опел со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дробилка, шише исполнето со течност, пет ножеви, метална палка, 10 боци солзавец, електрошок, две радио врски и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ