четврток, 30 јануари 2025

Полицијата уапси двајца Турци, шверцувале луѓе од Турција и Сирија

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера во два засебни случаи уапсила двајца државјани на Турција кои се обиделе да прошверцуваат граѓани од Турција и Сирија.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера напладне на автопатот Табановце- Куманово, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го уапсиле Д.И.Х. од Турција, со привремен престој во Македонија. При контрола во возилото опел вектра со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени две лица од Турција, за кои по извршени проверки било утврдено дека илегално влегле во државата“, информираше МВР.

Во вториот случај, вчера попладне на наплатната станица Смоквица, полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.Т. од Турција, со привремен престој во државата.

„При контрола на патничко возило гили атлас про со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ