Како што информираат од МВР, во наведеното време, со возило хјундаи кое го управувал, тој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжил со движење. Тој набргу го запрел возилото и избегал.
При преглед во возилото и проверка на теренот тој бил пронајден и уапсен, а биле пронајдени и 12 мигранти (по четири од Сирија, Либан и Иран), кои ги превезувал во возилото.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а осомничениот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.