недела, 6 октомври 2024

Полицијата спаси двајца малолетници откако се превртеле со кајак во Охридското Езеро

Двајца малолетници се спасени од водите на Охридското Езеро со интервенција на службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“.

Објавено на

часот

Сподели

Интервенцијата на полицијата следувала утрово, откако претходно во 9:30 часот било пријавено дека во водите на езерото кај плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак-клуб од Охрид во кој имало двајца малолетници.

По добиената пријава, полициските службеници од езерската полиција со чамец се упатиле кон посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од брегот, биле забележани двете малолетни лица кои на себе имале појаси за спасување.

Тие со полициски чамец биле префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ