Како што информира МВР, полициски службеници од полициската станица на граничниот премин Богородица утрото во 4 часот забележале две лица на меѓуграничниот простор, кои носеле торба и неколку ќеси.
Лицата ги оставиле торбата и ќесите и избегале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.