понеделник, 30 декември 2024

Полицијата пронајде двајца криминалци кои бегаа од издржување затворска казна

Полицијата денеска пронајде двајца криминалци кои за тешки кражби имаат добиено пресуди и веќе требало да ги издржуваат затворските казни.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 6 часот во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, го лишија од слобода Ф.П. (31) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од две години, за сторено кривично дело –  тешка кражба.

Исто така, денеска во 6.50 часот во Скопје, на територија на општина Гази Баба, е лишен од слобода В.Д. (33) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од една година, за сторено кривично дело – тешка кражба.

Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ