„При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг“, информираат од МВР.
Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.