четврток, 23 јануари 2025

Полицијата најде над 100 пакувања кокаин и хероин

Основното јавно обвинителство Скопје започна истражна постапка против 24-годишен скопјанец, кој се сомничи за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот се случил на 16 декември, кога полициски службеници го запреле осомничениот на улицата Архимедова во Скопје за редовен преглед. Во неговиот автомобил биле пронајдени над 100 полиетиленски пакувања со наркотична дрога – кокаин, со вкупна тежина од 161,29 грама, како и 25 пакувања хероин со тежина од 44,01 грам. Покрај тоа, биле запленети и дигитална вага, пет мобилни телефони и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од нелегална продажба на дрога.

Обвинителот од Основното јавно обвинителство доставил предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, барајќи одредување мерка притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ