За брзо возење се санкционирани 98 возачи, од кои шестмина возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а тројца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 33 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место, велат од МВР.
Во Скопје се изречени вкупно 125 казни, од кои 16 за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на црвено светло, четири за користење на мобилен телефон при возење, а три санкции се изречени за некористење на сигурносен појас.
Вчера била спроведена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Казнети се 67 возачи, од нив, 41 возач не користел заштитна кацига за време на возење, а 17 возеле без возачка дозвола. За време на контролата санкционирани се и 147 други видови на сообраќајни прекршоци, велат од МВР.