недела, 15 декември 2024

Полицијата ги бара двете лица кои со шок-бомби предизвикаа пожар во Капиштец

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен известува за вчерашниот пожар на сува трева и грмушки во скопската населба Капиштец предизвикан од фрлени шок-бомби, за што вчера информираше МКД.мк

Објавено на

часот

Сподели

„Влера во 17.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица Козара во Скопје две лица фрлиле експлозивна направа, по што настанал пожар на сува трева. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Полициски службеници излегле на местото и пронашле делови од шок бомба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

МКД.мк вчера со фотографии и текст извести за овој немил настан кој многу ги вознемири жителите на овој дел од Скопје. Бомбите силно одекнале, предизвикале пожар и малку недостасувало да бидат зафатени и објкети. Се работи за дел од населбата каде и претходно млади лица, главно тинејџери, создаваа безредија, бучава во ноќните часови и уништуваа општински инвентар по парковите и шеталиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ