вторник, 22 октомври 2024

Полицијата бркаше возач со венто, наместо да застане се обидел да удри полицаец

Вчера околу 22.10 часот во с.Варвара, општина Сопиште, полициски службеници од полициската станица Драчево го лишиле од слобода Р.А (26) од с.Малчиште, општина Студеничани.

Објавено на

часот

Сподели

Околу 20.00 часот на патот кон Марков манастир тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возило фолксваген венто без регистарски ознаки се обидел да удри полициски службеник, а по преземени мерки тој бил пронајден и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ