петок, 18 октомври 2024

Полиција во Центар ноќе ги чува игралиштата и парковите и казнува возачи пред кафулињата (ФОТО)

По барање на градоначалникот на Општина Центар, кој подолго време известува дека млади лица дивеат во делови од централните населби и ги уништуваат детските игралишта и инвентарот на малите паркови, МВР од синоќа ги засили полициските контроли. Од фотографиите може да се види дека полиција ги чува игралиштата и парковите, а е спроведена и контрола на улиците по кои е забранет сообраќај или на кои се непрописно паркираат лица кои времето го минувааат во кафулиња или клубови.

Објавено на

часот

Сподели

СВР Скопје синоќа започнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата, известува МВР.

„Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен град во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу ул.Народен Фронт и ул.Васил Ѓорѓов, пекара Силбо, Порта Македонија и на други локации.

Од МВР велат и дека се отстрануваа и непрописно паркирани возила.

„Беа спроведени и сообраќајни контроли при што беа преземени 25 мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила долж ул. Народен вронт“, ул.Орце Николов и ул.Боемска, подигнати биле шест возила со специјално возило пајак и легитимирани биле 24 лица“, инфрормираат од МВР и предупредуват дека продолжува засиленото полициско присуство и во наредните денови.

Општина Центар подолго време и со фотографии известува за уништени игралишта и паркови, а вчера сподели и видео снимено од граѓани, на кое се гледа дивеењето и вандализмот на група млади лица. Видето е доставено и до МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ