„Послужување алкохол на малолетни лица е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат затекнати како послужуваат алкохол на малолетни лица се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец. Апелираме до угостителите да постапуваат во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за угостителска дејност, по кој се должни да ја утврдат возраста на лицето на кое се послужува алкохол! Доколку Пазарниот инспекторат утврди нерегуларности, најригорозно ќе постапува!“, наведуваат од ДЗИ.
Од Државниот пазарен инспекторат истакнувата и дека заедно со останатите надлежни институции и понатаму ќе продоли да спроведува заеднички акции кои ќе ги спречат дејствата поврзани со послужување алкохол на малолетници.
Евентуални неправилности граѓаните можат да пријавата на телефонскиот број 191 или на www.dpi.gov.mk.